Витамин К: Од каде да го набавите и зошто е важен

Сподели со своите пријатели

Витамин К е многу важен за здравјето. Витамин К1 се надополнува претежно со храната или преку додатоци во исхраната.

Loading...

Додека витамин К2 пак се синтетизира во цревната флора. Затоа луѓето со гастроинтестинални нарушувања често страдаат од намален број корисни пробиотик бактерии во цревата. Во повеќето случаи тие имаат и дефицит на витамин К2.

Помага ли навистина за слабеењето водата со лимон?

Витамините К имаат исклучително важни својства за организмот. Без нив апсорпцијата на витамин D е невозможна. Според холандско истражување од 2004 година, витаминот К го намалува ризикот од коронарна срцева болест со 57%, пишува Natural News.

Научниците дошле исто така до заклучокот дека оптималните нивоа на витамин К во телото ја намалуваат вкупната смртност предизвикана од разни болести, со до 26%.

За што помага витамин К?

– го регулира згрутчувањето на крвта;

– го стимулира метаболизмот;

Loading...

Храна која е забранета за астматичарите

– ги заздравува коските;

– помага за транспорт на калциум;

– го потиснува воспалението;

– ја подобрува апсорпцијата на инсулинот.

Каде да се набави витамин К?

Витамин К се содржи во темнозелениот лиснат зеленчук како спанаќ, аспарагус, брокули, исто така соја, мешунките, житарици, јајца, јагоди, месо.

Еликсир со тиква и мед помага при настинки и грип

Loading...

Според уште студии, дефицитот на витамин К и витамин D се поврзува со зголемена инциденца на рак. Нешто повеќе, жени дијагностицирани со рак на дојка се справуваат подобро со болеста, ако нивото на витамин К во телото им било во нормални граници. За разлика од нив, жените со дефицит на витамини К и D имале помала стапка на успех во костецот на болеста.

Затоа е важно да се обрне внимание на овие витамини и да се трудиме да ги додаваме во секојдневното мени.

Leave a Reply