Вистинско време за купување злато – се очекува ново зголемување на цените

Сподели со своите пријатели

Златото се наоѓа пред нов циклус, а аналитичарите предвидуваат значаен раст на цената на благородните метали во двогодишниот период, бидејќи и покрај намалената побарувачка ќе се појави недостиг од злато на пазарот.

Loading...

Експертите на егледната финансиска институција „ Morgan Stanley“ процениле дека до 2017 година ќе бидат затворени над 50 рудници за злато, па така дури и пред таа година моеж да се појави краен дефицит на овој благороден метал на пазарот, поради зголемениот интерес од различните пазари како Кина и Индија, но и поради значајниот пораст на купувањето на монетарно злато од страна на централните банки на големите држави како што е Русија.

Моменталната цена на златото се движи испод нивото од 1.100 долари, и многу е близу до својата најниска вредност во последните пет години. Тоа значи дека моментално времето е многу погодно за купување, затоа што се очекува нов раст на целите, дел поради зголемениот интерес од страна на купувачите, дел поради постојаните растечки трошоци за експлоатација на златото од земјината кора – вели Давор Жиц, маркетинг директор и лице за односи со јавноста на компанијата „ Auro Domus“, најголемата хрватска компанија специјализирана за откуп и продажба на злато.

Цената на златото во доларска противвредност моментално е на најниското ниво во последните пет години, што значи дека наскоро би требало да се случи промена на трендот и нова експанзија на цената, бидејќи растот и падот на цената циклички се менуваат низ целата историја на тргувањето со благородни метали.

Индиктивен е примерот од крајот на минатата година кога овој благороден метал достигна цена од 1.130 долари за унца, да само по месец и половина подоцна, се врати на ниво од 1.300 долари за унца, донесувајќи профит од 15% на сите оние кои вложиле во злато.

Слична ситуација се случи оваа година, кога за само неколку недели цената на злато порасна за повеќе од 100 долари по унца.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.