ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ: Циркус кој наместо животни користи холограм (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Изгледа дека се повеќе зоолошки градини и циркуси ги менуваат концептите и системите за работа. Германскиот „Circus Roncalli“ е првиот циркус во светот кој ги заменил животните со реалистични холограми кои се прикажани на посебен и спектакуларен начин.

Loading...

Овој циркус постои веќе со децении, но управата неодамна одлучила да ги замени животните со 11 проектори, ласери и објективи, а сето тоа стратешки било поставено на различни места во салата дака што реалистично ги прикажува холограмите на животните.

Токму благодарение на трудот на управата на циркусот и напредната технологија, многу животни се спасени од кафеси и живот „во затвор“, а луѓето можат да продолжат да уживаат во претставите на нов, помодерен и похуман начин.

Фото: Facebook/Circus Roncalli

Leave a Reply