Вистинска драма во центарот на Скопје – маж се закануваше со замоубиство (видео)

Сподели со своите пријатели

Возрасен мажна 42-годишна возраст, попладнево напарви вистинска драма на зградата на улицата „Македонија“ кога се закануавше дека ќе скокне од четвртиот кат.

Loading...

Околу 12:30 часот мажот се искачил на четвртиот кат од задниот влез на зградата и незабележано од градежните рабоптници кои во моментот работат таму успеал да пристигне на самото место. Кога го забележале работниците веднаш започнале да го убедат да не посегнува по животот.

Но, сепак и по сите нивни убедувања тој не сакал да отсапи од намерите да скокне, па на помош била повикана полицијата, која веднаш по пристигнувањето го спречила неговото самоубиство.

Очевидците изјавиле дека причина за ваквата одлука на мажот била сиромаштијата, неисплатената социјална помош, а се жалел и дека има семејство кое не може да го прехрани.

По полициската акција 42 годишниот маж е однесен на Клиниката за токсикологија во алкохолизирана состојба, информираат од СВР-Скопје.

извор: а1он.мк

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.