Со комисиска одлука: ВИП и ОНЕ се спојуваат во една компанија

Сподели со своите пријатели

Комисијата за заштита на конкуренцијата го одобри спојувањето на македонската подружница на Телеком Австрија Групацијата, Вип оператор со подружницата на Телеком Словеније, ОНЕ.

Loading...

Согласноста е издадена врз основа на одредени обврски, меѓу другото и за обезбедување на услуги на нови виртуелни мрежни оператори од страна на новоформираниот субјект.

Затворањето на трансакцијата се очекува во четвртиот квартал од 2015 година , се вели во соопшението на Телеком Австрија Групацијата објавено во средата, пренесува Макфакс.

Двете компании се убедени дека предложените обврски  обезбедуваат добра основа за успешен влез на пазарот на нови учесници кои ќе бидат во можност да комбинираат мобилни и ТВ понуди за да се создадат конвергентни пакети. Со тоа ќе се овозможи конкуренција во поглед на цената и производите на сите засегнати пазари.

Споениот субјект Оne.Vip ќе прерасне во компанија со доволен обем и капацитет за подобро да инвестира и да се натпреварува во поглед на цена, квалитет и иновации.Ова ќе овозможи најдобри искуства за потрошувачите и бизнисите. Веруваме дека спојувањето ќе биде од корист и за конкуренцијата и за македонските корисници и ќе го промовира one. Vip како доверлив партнер, се вели во соопштението.

Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55% и ќе има целосна контрола врз новосоздадената компанија, додека Телеком Словеније Груп ќе поседува 45% од сопственоста. Покрај тоа, договорот вклучува и опции за излез на Телеком Словеније Груп од заедничката инвестиција во рок од три години од завршувањето на спојувањето.

Извор: Макфакс

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.