ВИП и ОНЕ се споија – еве што може да очекуваат корисниците на двете мрежи

Сподели со своите пријатели

Со најава дека до крајот на 2016 година, ноформираната телекомуникациска компанија ќе работи преку две засебни постојни мрежи, системи за наплата, тарифни портфолија и продажни места на Вип и Оне, денес беше официјализиран почетокот на “оне.Вип”, засега најголем телекомуникациски оператор во Македонија.

Loading...

Новата компанија ќе опслужува над 1,3 милион корисници со услуги во мобилната и фиксната телефонија, интернет комуникации и телевизија, истакна денес Никола Љушев, извршен директор на оне.Вип.

 Според Љушев, корисниците и понатаму ќе ги задржат своите постојни договори и ќе продолжат да ги добиваат услугите, под истите услови, квалитет и цени, како и досега. За таа цел, новата компанија “оне.Вип” ќе ги задржи сите 900 вработени од двете досегашни компании.

Договорот за спојувањето на подружниците на Телеком Австрија Групацијата и Телеком Словеније Груп во Македонија беше објавен на 22. октомври 2014 година, при што Телеком Австрија Групацијата поседува 55% и ќе има целосна контрола врз новосоздадената компанија оне.Вип, додека Телеком Словеније Груп поседува 45% од сопственоста.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.