Виљаш-Боаш се враќа во фудбалот

Сподели со своите пријатели

Португалскиот фудбалски стручњак Андре Виљш-Боаш планира да се врати на тренерската работа и најави дека можеби на лето ќе го преземе Баерн Минхен.

Освојувачот на Лига Европа со Порто во сезоната 2010/2011, е без тренерски ангажман од ноември кога си замина од кинески Шангај и се сврти кон мотоспортот. Тој доживеа пад и повреда на грбот за време на релито Дакар.

– Со години учам германски, со цел да одам во некој бундеслигашки клуб. Се надевам дека тоа ќе се случи уште ова лето. Јас би се лаже ако кажам дека не сум заинтересиран за Баерн, кој има неверојатен квалитет и е меѓу елитата на европскиот фудбал. Баерн го гледа цел свет, изјави португалскиот тренер.

Покрај Порто, Виљаш-Боаш во својата кариера работел во Тотенхем и Зенит. /МИА


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *