Вилјареал го суспендираше Семедо

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот фудбалски клуб Вилјареал соопшти дека е суспендиран нивниот фудбалер Рубен Семедо, откако беше уапсен под сомнеж дека заедно со двајца свои роднини киднапирале и измачувале едно лице.

Семедо доколку биде прогласен за виновен го очекува затворска казна, а во меѓувреме реагираше и клубот, кој го суспендираше неговиот договор и фудбалерот во следниот период нема да прима плата.

– Го почитуваме правото на презумција на невиност, но клубот презеде мерки и го суспендираше Семедо. Неговиот статус ќе го разгледува дисциплинската комисија во клубот, соопшти Вилјареал.

Ова не е првпат 23-годишниот фудбалер да има проблеми со насилството, откако во 2017 година удри момче со шише во главата, а претходно со пиштол и се закануваше на хостеса. /МИА

Leave a Reply