Викендов обилни врнежи од дожд, во понеделник снег

Сподели со своите пријатели

Денес претпладне во централните и источните делови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во останатите делови ќе доминира облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки рабори.

Попладне почнувајќи од југозапад ќе започнат врнежи од дожд, кои поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта, а особено на југот од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 15 степени целзиусови.

Во Куманово денеска не очекува облачно време со врнежи од дожд, кои доста поинтензивни се очекува да бидат во текот на вечерните часови. Максималната дневна температура ќе го достигне 12-от, а минималната 4-от степен.

Од денес попладне до понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места се очекува да бидат обилни и да надминат 35 л/м2.

Во понеделник врнежите ќе имаат слаб интензитет и снежната граница особено од попладне ќе се спушти до 1000 метри надморска височина. Од вторник утрата ќе бидат посвежи со минимални температури околу нулата.