Викендов не патувајте никаде – најава за невреме од УХМР

Сподели со своите пријатели

За време на викендот претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во недела под влијание на продор на влажна и нестабилна воздушна маса од запад  нестабилноста ќе биде поизразена и ќе се задржи и во текот на ноќта, како и во понеделник.

Loading...

На места ќе има пообилни врнежи од дожд, силни електрични празнења и повремено засилен ветер, понекаде во форма на невреме со појава на град.

Во вторник и среда ќе биде претежно стабилно, а дневната температура ќе биде малку пониска, во интервал од 27 до 35 степени.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.