Викендов казнети 83 кумановци за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Полицијата викендов казни 83 лица на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Полициски службеници од СВР Куманово во текот на 08 и 09.05.2021 спроведоа засилени контроли за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на поширокото кумановско подрачје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, санкционирани се 83 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената.

При контролата откриени се и законски санкционирани и прекршоци направени од 38 возачи на мотоцикли и 12 останати прекршоци.

Никола Ивановски

Leave a Reply