Викендов казнети 24 пијани возачи во Куманово, 34 пак возеле пребрзо

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четири возачи викендов во Куманово биле казнети од полицијата поради возење под дејство на алкохол, додека бројот на оние што возеле со брзина над дозволената изнесува 34.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд (10/11/12.12.2021 ) на територија на Куманово спроведени се акциски контроли за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, како и санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, санкционирани се 34 возачи за управување со возило со брзина поголема од пропишаната и 24 кои управуваат возило под дејство на алкохол, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените сообраќајни контроли, велат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во сооптението на СВР Куманово.

Никола Ивановски