Викендов казнети 167 возачи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција викендов напишала казни за 167 возачи, а во најголем дел од случаите причина била брзото возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 167 возачи, информираат денеска од полицијата.

Од вкупниот број изречени казни, 108 биле на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, а 21 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Полицијата напишала и 15 казни за управување возило без возачка дозвола и 23 поради останати видови прекршоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски