Викенд временска прогноза за Куманово: Уживајте во топлото време, следната недела следува дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија во утринските часови ќе биде студено, а во текот на денот претежно сончево и потопло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува сосема слаб ветер од западен, односно северозападен правец.

Температурите денеска низ кумановско ќе се движат од 7 степени во утринските часови до максимални 23 во текот на денот.

 

Loading...

 

За време на претстојниот викенд ќе имаме значителен пораст на дневните температури.

Во сабота ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слав ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне дури 27 степени целзиусови.

 

 

Уштре потопло време ќе имаме во недела. Ќе биде сончево и значително топло, а ќе дува сосема слаб ветер од западен, односно југозападен правец. Температурите ќе се движат од 11 степени во утринските часови до максимални 29 степени целзиусови во текот на денот.

Loading...

 

 

Високите температури ќе се задржат и во понеделник, но веќе од вторник се очекува повторно драстичен пад кој ќе го донесе и нестабилноста проследена со електрични празнења и врнежи од дожд веќе од вторник.

Никола Ивановски