Викенд временска прогноза за Куманово: Никаде без чадор!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж  Повардарието и во југозападните делови ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме тежно облачно време, но без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден 20-годишен кумановец откако излетал од коловозот

Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а максималната дневна ќе достигне 14 степени целзиусови.

Во текот на вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ, односно југоисток.

Температурата ќе биде во интервал од 8 степени во утринските часови до максимални 15 во текот на денот.

Врнежите ќе престанат во текот на ноќта.

Loading...

 

 

Облачно со врнежи од дожд ќе биде времето и во недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Температурата ќе биде во интервал од 6 степени во утринските часови до максимални 12 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

Следната работна недела ќе биде без врнежи, но утринските температури ќе бидат под нула.

 

Loading...

Никола Ивановски