Викенд временска прогноза за Куманово: Дневно разведрување – утринско замрзнување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, во североисточните делови преку денот со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и ведро, но студено време. Ќе дува слаб ветер од северен односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу -5 степени целзиусови, додека максималната дневна се очекува да достигне до петиот степен во позитива.

 

Loading...

 

Во сабота ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до -7 степени целзиусови, додека дневниот максимум се очекува да достигне четири степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и в недела, кога утринската температура ќе се спушти до -8 степени, а дневниот максимум се очекува да се движи околу четвртиот степен целзиусов.

 

Loading...

 

Слично време, ведро и со ниски утрински температури ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски