Викенд временска прогноза за Куманово: Дневните температури под нула

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата во утринските часови во Куманово беше седум степени под нулата, а максималната дневна се очекува да се движи околу нулата.

Loading...

 

 

Утре нѐ очекува претежно облачно, но многу постудено време. Утринската температура ќе се спушти до девет степени под нулата, а дневната максимална нема да се искачи над -4 степени.

 

 

Слично ќе биде и во недела, кога ќе има и услови за слаб снег. Утринската температура ќе се спушти на -12, а максималната дневна ќе достигне само три степени под нулата.

Loading...

 

 

Студеното време, со многу ниски утрински температури ќе продолжи и на почетокот на новата работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply