Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час), локално и во форма на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигне и до 50 километри на час.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу седмиот степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Пеколните температури продолжуваат

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од еден степен во утринските часови до максимални 14 во текот на денот.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и благ пад на температурата. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу четири степени под нулата, додека максималната дневна ќе достигне 9 степени целзиусови.

 

 

Од понеделник се очекува повторно пораст на дневните температури и претежно сончева работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово во борба со дивите депонии, ќе се чисти и речното корито

Никола Ивановски

Loading...