Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу петиот степен додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад, односно северозапад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал на своето семејство

Температурата во утринските часови ќе се движи околу шестиот степен додека максималната дневна ќе достигне 11 степени.

 

 

Слично време ќе имаме и во недела кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надмине брзина од 40 километри на час.

Loading...

Минималната температура ќе се спушти околу четири степени под нула, а дневниот максимум ќе изнесува 11 степени целзиусови.

 

 

Променливо време со услови за дожд ќе има и во следната работна недела.

Никола Ивановски