Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/час).

Loading...

Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки рабти.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

 

 

Во Куманвоо и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд. Максималната температура се очекува да достигне до 13 степени.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

 

 

Утре во кумановско ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, но и услови кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно североисточен правец. Температурата ќе биде во интервал од 2 степени во утринските часови до максимални 12 во текот на денот.

 

 

Loading...

Во недела ќе имаме претжено облачно време со кратки сончеви периоди, но без дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу четири степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 13 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и следната работна недела, со врнежи кон средината на седмицата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

Никола Ивановски