Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Loading...

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време во претпладневните часови, а попладне се очекуваат услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 31 степен.

– За време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 10 л за 3 часа), засилен ветер и појава на град. Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово утре ќе имаме сончево до умерено облачно време претпладне со услови за нестабилност во попладневните часови. Дневниот максимум ќе достигне 28 степени целзиусови.

Слично ќе биде и во недела кога живата во термометарот ќе биде за еден степен подолу.

Никола Ивановски

Leave a Reply