Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а максималнта дневна се очекува да достигне до 22 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу осмиот степен, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени.

 

 

Сончево време со мала облачност ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Loading...

Температурата ќе биде во интервал од 8 степени во утринските часови до максимални 21.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски