Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во попладневните часови особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Краткотрајно ќе има услови и за невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. во попладневните часови е можна појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 31 степен.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југозападен правец.

Температурата ќе биде во интервал од 15 степени во утринските часови до 31 степен во текот на денот.

 

Loading...

 

Недела носи претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

 

 

Следната работна недела носи претежно сончево и стабилно време.

Никола Ивановски

Loading...