Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Loading...

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 24 до 32 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово денеска ќе имаме претежно сончево и топло време во претпладневните часови.

Попладне се очекува локална нестабилност со врнежи од дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 27 степени целзиусови.

На територијата на државата, во сабота ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само на места ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, ветер претежно од северозападен правец.

Од недела повторно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Во Куманово викендов повторно ќе имаме појава на нестабилност. Утре во претпладневните часови ќе биде претежно сончево, додека попладне ќе настапи преодно наоблачување кое ќе донесе врнежи од дожд и грмотевици. Максималната дневна температура ќе достигне 26 степени.

Слично време ќе имаме и во недела, со нешто пониска максимална температура. Во попладневните часови ќе биде нестабилно, а максимумот ќе достигне 23 степени.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply