Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија претпладне сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а температурата ќе биде во интервал од 16 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.

 

Loading...

 

Утре во кумановско исто така ќе имаме сончево до умерено облачно време, но во попладневните часови е можна појава на врнежи од дожд и грмежи. Температурата во утринските часови ќе изнесува околу 14 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 27.

 

 

Слично ќе биде и во недела кога попладнев повторно нѐ очекува нестабилност со дожд и грмотевици. Температурата ќе остане иста како и во сабота.

 

Loading...

 

Веќе од почетокот на новата работна недела ќе имаме покачување на температурата и вистинско летно време без услови за дожд.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply