Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи.

Loading...

Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 21 до 28 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд проследени со грмотевици. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе изнесува осум степени, а максималната дневна се очекува да достигне 18.

 

Loading...

 

Утре се очекува стабилизирање на временската состојба. Ќе имаме сончево до умерено облачно време со температури од 10 степени во утринските часови, до 21 степен во текот на денот.

 

 

Сепак врнежи од дожд повторно може да се очекуваат веќе во недела кога дневниот максимум се очекува да достигне до 20 степени.

 

Loading...

 

Нестабилно со врнежи и грмежи ќе биде и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply