Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Во повисоките подрачја од државата денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините со појава на магла или значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, по магловитото утро. Температурата ќе се движи од утрински три степени под нулата, до максимална дневна температура од осум степени.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме слично време. Утирнската температура ќе се движи околу -1 степен, а максималната дневна се очекува да достигне осум степени.

Слично време носи и недела, кога утринската температура ќе биде околу нулата, а дневната околу шест степени во позитива.

Loading...

 

 

Стартот на новата работна недела не носи значителна промена на временските услови.

Никола Ивановски

Leave a Reply