Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала, а во источните делови умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, најизразен долж Повардарието, а до крајот на денот ќе се намалува по интензитет.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Во Куманово денеска имаме претежно облачно времс о кратки сончеви периоди. Дува умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 17 степени.

 

 

Утре времето ќе биде сончево до умерено облачно со максимална дневна температура до 19 степени.

Loading...

Недела носи утрински 11, а максимални 20 степени целзиусови во текот на денот кој ќе биде претежно сончев.

Почетокот на новата работна недела повторно ќе донесе врнежи од дожд.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply