Викенд временска прогноза – малку дожд, малку снег

Сподели со своите пријатели

Петок ќе биде најстудениот ден неделава, а ќе донесе и нова, локално значителна количина на дожд, јавува Метеопро.

Loading...

Претпладне врнежите ќе бидат позастапени во западниот и северниот регион, а околу пладне ќе се рашират низ целата земја. Попладне и приквечер врнежите ќе се интензивираат во југоисточниот крај.

Во сабота ќе биде облачно. Мало разведрување може да се очекува дури навечер, и тоа повеќе локално во источниот и јужниот регион. Во западниот крај облачноста останува во текот на целиот ден, а на планините во овој крај претпладне и рано попладне ќе врне сосема слаб и повремен снег.

Во недела поврорно очекуваме претежно облачно време, но и овој пат со услови за повремени сончеви периоди во источниот крај.

Западниот регион останува облачен во текот на целиот ден, а на планините е можно „провејување“ на слаб снег.

Извор: Метеопро