Викенд прогноза за Куманово: Ветер и облаци

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината ќе имаме променливо облачно време со услови за сонце.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од -4 во утринските часови до максимални 4 степени целзиусови во текот на денот.

 

Loading...

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со сосема малку сонце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нормализиран сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти четири степени под нулата, а дневниот максимум се очекува да достигне 5 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и во недела кога ќе дува слаб до умерен ветер од исток, односно југоисток.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу еден степен, а максималната ќе достигне пет степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и од понеделник.

Никола Ивановски