Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонцето, следува драстична промена

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, кој на моменти ќе надмине брзина над 40 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, додека максимланата дневна се очекува да достигне до 26 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско повторно ќе имаме сончево и топло време, со слаб до засилен ветер од северен правец.

Повторно ветерот на моменти ќе надминува брзина над 40 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна ќе се искачи до 26 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб од умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 9 до максимални 28 степени целзиусови.

 

 

Во понеделник за прв пат ќе имаме температури околу 30 степени, но потоа ќе следува драстична промена на времето со врнежи и пад на температурите за дури 20 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Loading...