ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Услови за невреме и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Претпладне времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. локално во форма на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени. УВ=8

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно северозападен правец. Во попладневните часови е можна појава на краткотрајно невреме со пороен дожд и силни електрични празнења. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 31 степен целзиусов.

 

Loading...

 

Слично време во кумановско ќе имаме и во текот на утрешниот ден. Претпладне сончево и многу топло, а попладне со услови за нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 29 степени целзиусови.

 

 

Недела носи облачно време со врнежи од дожд, но и позначителен пад на температурата. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна температура ќе достигне 24 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Следната недела носи стабилно, сончево и многу топло време се температури над 30 степени целзиусови.

Никола Ивановски