Викенд прогноза за Куманово: Топло и без врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 14 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кракти сончеви периоди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет екипи гаснеле пожар од Агино село преку Брзак до Романовце

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 17 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до умерено засилен северозапден ветер.

Утринската температура ќе се движи околу вториот степен, а дневниот максимум се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски