Викенд прогноза за Куманово: Продолжува нестабилното време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 l/m 2 ).

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

 

прогноза куманово

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу пет степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  13 медали за младите каратисти на „Ронин Доџо“ од Куманово на турнир во Србија (ФОТО)

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто предупредување за опасност од дожд.

 

 

Утре низ кумановско во текот на денот ќе имаме променливо облачно време со услови и за сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу петиот степен, а максималната дневна ќе се искачи до 17 степени целзиусови. Во вечерните часови повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Loading...

 

 

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе надминува 40 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тениски фестивал за деца се одржа во Куманово (ФОТО)

Утринската температура ќе се спушти еден степен под нулата, а максималната дневна ќе достигне шест степени целзиусови.

 

Loading...

 

Од понеделник се очекува врнежите да престануваат, но температурите ќе останат ниски, особенов о утринските часови кога ќе бидат и во негатива.

Никола Ивановски