Викенд прогноза за Куманово: Подгответе се за ледени утра

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претежно претпладне и особено во северните и централните делови повремено ќе провејува слаб снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за снег, но и за сонце во текот на денот. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -8 степени целзиусови додека максималната дневна се очекува да достигне само четири степени.

 

Loading...

 

Утре ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Темпратурата во утринските часови ќе се движи околу -8 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне пет степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме сончево и ведро небо. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до петиот степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 7 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Од понеделник се очекува постепен пораст на температурите.

Никола Ивановски