Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за нестабилност проследена со грмежи и врнежи во текот на попладневните часови.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени додека максималнта дневна ќе достигне 19 степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Температурата ќе биде во интервал од 11 степени во утринските часови до максимални 21 во текот на ноќта.
Облачно време, но без услови за дожд, ќе имаме во недела, кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ и југоисток.
Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.
Од понеделник продолжуваат врнежи со дожд.
Никола Ивановски