Викенд прогноза за Куманово: Ќе има ли дожд?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на слаб локален дожд претежно во источните делови.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

 

 

Времето денеска во Куманово ќе биде сончево до умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умернео засилен ветер од југ, односно југоисток.

Температурата ќе се движи во интервал од 7 степени во утринските часови, до максимални 16 во текот на денот.

 

 

Недела носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до силен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу петиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 16 степени целзиусови.

 

 

Облачно време со врнежи од дожд се очекува да има и во првите денови од следната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Никола Ивановски