Викенд прогноза за Куманово: Какво време ќе имаме за Водици?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Loading...

Ќе биде претежно тивко, а температурите ќе бидат во интервал од минимални -9 до максимални осум степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време во текот на денот.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне четири степени целзиусови.

Во текот на ноќта температурата ќе се спушти седум степени под нулата, поради што од УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто метео предупредување за опасност од ниски температури.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со слаб до умерен северен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу -6 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 6 степени.

 

 

Loading...

Во недела ќе имаме исто така сончево и стабилно време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи меѓу минимални -3 и максимални 8 степени целзиусови.

 

 

Слична прогноза ќе се задржи и во претстојната недела со благ пораст на температурите.

Никола Ивановски