Викенд прогноза за Куманово: Денеска услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за пороен дожд и грмежи во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до 29 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово денеска е активен жолт метео аларм за опасност од невреме со грмотевици.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево и стабилно време со мала облачност.

Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 30 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

 

 

Слично време со температури над 30 степени ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски