Викенд прогноза за Куманово: Без чадор не одете никаде!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низа Македонија ќе биде  сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу три степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 7 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 3, до максимални 6 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува невреме. Температурите остануваат екстремно високи

 

 

Loading...

И во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, а дневниот максимум се очекува да достигне 6 степени целзиусови.

 

 

Претстојната работна недела носи претежно суво и сончево време, но и пораст на дневните температури.

Никола Ивановски

Loading...