Вкупно 26 лица биле канзети на подарчјето на Куманово викендов поради возење под дејство на алкохол, додека дури 13 лица биле фатени како возат без дозвола.
– Во текот на изминатиот викенд (25/26.12.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Куманово, при што санкционирани се 26 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 кои не поседувале возачка дозвола и 3 нерегистрирани, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Засилените акциски контроли, посочуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.
Никола Ивановски