Виетнамските власти: ЛГБТ луѓето не се болни, не можат и не смеат да се „лечат“

Сподели со своите пријатели

Виетнамската влада објави дека не ги смета хомосексуалноста, бисексуалноста и трансродизмот за болести и дека тие не можат и не смеат да се лекуваат, пишува Гардијан.

Loading...

Министерството за здравство најави дека медицинските работници треба да ги третираат ЛГБТК+ луѓето со почит и да се грижат да не бидат дискриминирани.

Ова означува голема промена на парадигмата околу правата на ЛГБТК+ во Виетнам.

Во соопштението испратено до провинциските и општинските одделенија за здравство на почетокот на овој месец и објавено на веб-страницата на владата, Министерството рече дека „ЛГБТК+ воопшто не е болест и не може да се излечи ниту треба да се лекува“.

„Ова означува голема промена на парадигмата“

Се вели дека здравствените работници не треба да ги принудуваат ЛГБТК+ луѓето на „третман“.

Во април, претставникот на СЗО во Виетнам, Кидонг Парк, издаде соопштение во кое потврди дека секој обид за промена на сексуалната ориентација на ЛГБТК+ луѓето „нема медицинска основа и е неприфатлив“.

„Ова е многу важна вест. Иако ставовите нема да се променат преку ноќ, ова означува голема промена на парадигмата“, рече Кајл Најт од Human Rights Watch.