Руските сили од декември ги зајакнуваат и прошируваат утврдените позиции во окупираниот дел од украинскиот регион Запорожје, објави аналитичарот Брејди Африк од Американскиот институт за претпријатија.
Африк наведува дека од 4 декември минатата година руските сили додале повеќе одбранбени линии надвор од селото Чистопилија.
Да потсетиме, Русија минатата година објави дека го анектирала целиот регион Запорожје заедно со уште три украински региони (Херсон, Доњецк и Луганск), но не го има целиот регион под своја контрола.
Во регионот се наоѓа и нуклеарната централа Запорожје, исто така најголемата нуклеарна централа во Европа, која е под контрола на руските сили уште од првите недели од војната.
Russian forces have spent months adding to defensive lines in occupied Ukraine. This animation shows an example of expanding fortifications outside Chystopillia (Zaporizhzhia oblast).
Check out this map to see more fortifications built by Russian forces: https://t.co/hd0vVpI2NN pic.twitter.com/vkUwOBLixn
— Brady Africk (@bradyafr) March 10, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.