(ВИДЕО) Максим Димитриевски: Куманово е олимписки град, а на 17-ти октомври повторно ќе победи

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, изјави дека повторно се враќа сјајот на Соколана, а вратени се назад и сите спортски објекти на кумановчани.

Loading...

„Ја реконструираме спортската сала, целта е да го ставиме во функција и градскиот стадион. Повторно Куманово да биде олимписки град. Целта е да го развиваме заедно спортот. Жените кумановки оваа година повторно не направија горди, го освоија државниот куп и државното  првенство во женскиот ракомет. Целта е да одиме во нови спортски услови, со нови спортски капацитети. За наше Куманово!“, порача Димитриевски.