(ВИДЕО) Кога ќе се спојат два моќни вокали доаѓа до „Еуфорија“

Сподели со своите пријатели

Македонските поп пејачки Александра Јанева и Наташа Малинкова го објавија својот прв дует насловен „Еуфорија“, за кој имаат снимено и видео запис.

Loading...

Песната на двете девојки познати по моќните вокали несомнено ќе предизвика вистинска летна музичка еуфорија, бидејќи од прво слушање „влегува во уво“. На социјалните мрежи фановите на двете пејачки веќе пишуваат низа позитивни коментари за новата песна.

Инаку „Еуфорија“ е „првенче“ на Јанева, која се јавува како коавтор. Стиховите ги напишала заедно со Столе Аврамов, кој е и композитор. Аврамов се погрижил и за аранжманот и продукцијата, заедно со Зоран Алексиќ. Видеото е дело на Ѓорѓи Вацев, Пеце Здравковски и Борче Георгиев. Инаку тоа е промовирано на бугарскиот „youtube“ канал „Facing the sun“, со кој Јанева веќе соработуваше за синглот „Бам бам“.

Таа пред еден месец ја објави и песната „Ќе се вратам некој ден“, која се уште се врти на радио станиците. Во последното интервју за „Кумановски муабети“, талентираната струмичанка најави дека наредните месеци публиката ќе ужива во неколку нови синглови.

Уживајте во „Еуфорија“

Loading...

 

 

 

Leave a Reply