Вицепремиерот Владимир Пешевски во посета на „Алфи техноцентар“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Владин тим предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски денеска беше во работна посета на компанијата „Алфи техноцентар“ во Куманово.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”317″]

 

Станува збор за компанија која успешно работи со искористување на мерките кои ги нуди владиниот проект „Македонија вработува“, а има вработено и 25 лица со инвалидитет со помош на бенефициите на Законот за вработување на инвалидизирани лица.

Убаво е да се види еве како една компанија од ваков тип се грижи за оваа социјално погодена група. Владата на Република Македонија во изминатите години преку овој закон има стимулирано над 2.000 вработувања на инвалидизираните лица и вкупната помош која на нив и на компаниите кои што ги вработуваат овие лица од 2007-ма до сега изнесува 22 милиони евра – изјави вицепремиерот Владимир Пешевски.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи со овие мерки со цел да им помогне на овие лица да си најдат социјална сигурност, а исто така ја потенцираше и програмата „Македонија вработува“ како и проектот за вработување на млади лица до 27 години преку кои во изминатите години се вработени 22.000 лица.

Проектот „Македонија вработува“ завршува сега во април и јас би ги повикал компаниите да ја искористат можноста да сите оние групи на невработени лица кои ќе добијат бенефит и компаниите кои ќе ги вработат овие лица да се искористи оваа можност бидејќи мерките се така дизајнирани за да компаниите долгорочно обезбедат вработување за овие лица – истакна Пешевски.

Вицепремиерот најави и отварање на индустриско-технолошка зона во Куманово со големина од 25 до 30 хектари.

Таа ќе биде тука блиску на пристапната точка на коридорот 8 и 10 и тука во соработка со министрите за странски инвестиции, Агенцијата за странски инвестиции ќе направиме еден напор да се отворат во следниот период кога ќе се изгради зоната барем четири до пет нови фабрики и конечно во Куманово да се направи еден поголем исчекор во отварање на нови работни места, но на помасовна основа – изјави Пешевски.

Во текот на денот владиниот тим ќе се сретне со граѓаните најпрвин во центарот на градот, а потоа и во населбите Карпош и Иго Тричковиќ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.