Вицепремиерот Димитров се сретна со унгарскиот амбасадор, Дукс

Сподели со своите пријатели

Билатералните односи, европската интеграција на земјава, како и исполнувањето на европската реформска агенда беа темите на кои денеска разговараа вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс.

Loading...

Вицепремиерот Димитров, информираат од СЕП, посочи дека унгарската поддршка за евроинтеграциите на регионот, како и целокупната помош во политичка, економска и развојна смисла за нашата земја е значајна и во овој период.

-Благодарни сме за конкретната поддршка со унгарски експерти во функција на зајакнување на нашите административни капацитети како неопходност поврзана со почетокот на преговорите со Унијата, рече Димитров.

Соговорниците се осврнаа и на Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија, за кој што се согласија дека претставува потврда за нашата посветеност на реформите и валоризација на напорите во контекст на новото поглавје од пристапниот процес – отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија до крајот на годината.

Валентин Јанковски

Leave a Reply