Вицепремиерката на Украина: Путин лично им се одмаздува на жителите на Мариупол

Сподели со своите пријатели

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека нападот на Мариупол е личен за рускиот претседател Владимир Путин бидејќи не успеал да го добие во 2014 година, кога Русија го анектираше Крим.

Loading...

„Мислам дека Путин лично им се одмаздува на жителите на Мариупол затоа што не успеа да го заземе градот во 2014 година. Тоа е колективна казна бидејќи тие ги отфрлија Русите“, изјави Верешук за францускиот весник Либерасион.

 

„Газпром“ тврди дека редовно испорачува гас за Европа преку Украина

 

Таа посочи дека обидите за доставување хуманитарна помош во овој пристанишен град во југоисточна Украина сѐ уште се неуспешни, пренесува Би-би-си.

„Доколку Путин го сакаше тоа, хуманитарниот коридор од Мариупол веќе ќе беше отворен. Русите уништуваат болници, засолништа каде што се раселените луѓе, џамии, цркви, ништо не ги спречува“, рече таа.

Се верува дека 300.000 луѓе сѐ уште се заробени во опколениот Мариупол, без струја, храна и вода, кој е под постојано бомбардирање.

Loading...

 

Првиот руски воен брод влезе во пристаништето Бердјанск на Азовското Море

 

Мариупол е најголемото трговско пристаниште во Украина на Азовското Море и има околу 450.000 жители. Тој е исто така клучен град на копнената рута Русија-Крим.