Ви се гасат апликациите на телефонот? Ова е проблемот, а еве и како да го решите!

Сподели со своите пријатели

Многу корисници на „Андроид“ имаа проблеми изминатите денови со „пад“ на апликациите на „Гугл“, но сега е објавено како можат да ги поправат тие проблеми.

Loading...

Луѓето не можеа да отворат услуги за пошта или WhatsApp затоа што апликациите постојано се исклучуваа сами од себе.

 

 

Ресетирањето на телефонот не помогна и се покажа дека проблемот е во апликацијата Android System WebView.

Тој е дел од самиот систем задолжен за прикажување веб-содржина во апликациите.

Во меѓувреме, се јавија од Google со решение што е прилично едноставно, треба рачно да ја ажурирате таа апликација.

Loading...

Можете да го направите ова со отворање на Google Play Store, наоѓање на споменатата апликација, кликнување на опцијата „Ажурирај” или „Update“ и на крајот истото да го направите и со апликацијата Google Chrome.

Гугл рече дека проблемот е лошо ажурирање што тие го отстраниле и инсталирале нова верзија на апликацијата.

 

 

Во ретки случаи кога оваа постапка нема да ви помогне, одете во поставките на телефонот.

Тука треба да го најдете јазичето за апликации и известувања и во него полето за Google Play Store.

Тука се наоѓа и опцијата storage & cache и треба рачно да ги исчистите податоците и повторно да ги ажурирате апликациите.

Loading...

Leave a Reply