Ви паѓа косата? Исфрлете ја оваа храна и решето го проблемот

Сподели со своите пријатели

Дебелината е фактор на ризик за многу болести. Најчести се срцевите заболувања и дијабетесот. Сепак, може да влијае и на здравјето на фоликулите на косата.

Loading...

Студија, презентирана во списанието „Nature“, покажала дека исхраната со многу маснотии и дебелината што не е предизвикана од наследни фактори, може да доведат до истенчување и опаѓање на косата. Експертите од Медицинскиот и стоматолошкиот универзитет во Токио (TMDU) открила дека дебелината може да ги оштети матичните клетки на фоликулите на косата (HFSC) предизвикувајќи одредени воспалителни процеси.

 

 

Според експертите, ова ја блокира регенерацијата на фоликулите на косата, која на крајот „умира“ и паѓа, пренесува Мондо.

„Исхраната богата со маснотии го забрзува истенчувањето на косата со оштетување на матичните клетки на фоликулите на косата“, вели главниот автор Хиронобу Моринага.

Истражувачите ја споредиле   генската експресија кај HFSC кај глувци кои се хранеле со висока содржина на маснотии и глувци кои се хранеле  со стандардна диета. Откриено е дека HFSC се менува во корнеоцитите на површината на кожата кај глувци кои се хранат со храна  богата со маснотии. Овие глувци имаале побрзо губење на косата, како и помалку фоликули.

Loading...